Повреден работник при пад од скеле на автопатот Кичево-Охрид
Вчера претпладне при изведување на градежни работи на новиот автопат Кичево –Охрид, се случи несреќа, при што 51-годишниот работник А.И. паднал од скеле од височина од три метри. Работникот потоа е пренесен во кичевска Општа болница каде му била укажана прва помош.
-При падот 51 годишниот А.И. од Република Турција се здобил со телесни повреди констатирани при прегледот во кичевската Општа болница-информира Стефан Димоски од СВР Охрид.