Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени во македонските болници  

Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември.

Според информациите од болницата, сите се во добра и стабилна здравствена состојба.

Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија.

Повредените прво ќе бидат сместени во болница, се додека не бидат пуштени на домашно лекување

 

Back to top button
Close