Позитивен на корона лут што со мајка му не ги примале без маски во амбулантата на Пулмологија викнал другари и го претепале болничарот

Инцидентот кој се случи вчера попладне во модуларната Ковид амбуланта на Пулмологија ја предизвикало момче кое дошло со мајка му а и двајцата биле позитивни на ковид 19.

Двајцата без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат без маски и двајцата во исто време заради ковид протоколот момчето почнало да вика и да се заканува и на крај го нападнал болничарот.

Откако си заминале тој повторно се вратил но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.

Пред полицијата дури и му се заканувале на болничарот дека кога ќе си оди полицијата тие ќе го сределе.

Инцидентот е пријавен во МВР велат од Пулмологија и додаваат дека ја разбираат паниката и стравот кај граѓаните од пандемијата но не и силеџискиот однос кон медицинскиот персонал и непочитувањето на протоколот во амбуланта да влегуваат без маски а се заразени со вирусот ковид 19.

Back to top button
Close