Пратеничката Мојсоска: Пратеникот и рекордер за патни трошоци Петар Ристески во Собрание дофрлаше пцовки
Пратеничката од Левица Јована Мојсоска обвини дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески недолично се однесувал, односно дофрлал пцовки кон неа во Собраниската сала.
„Пратеникот и рекордер за патни трошоци Петар Ристески од Прилеп денес во Собрание дофрлаше пцовки додека седев сама (ничим изазван) – изгледа нервозен од Законот за патни трошоци. Навистина џентлменски од една демохристијанска партија”, напиша пратеничката Јована Мојсоска на Фејсбук.
Инаку денес не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци на пратениците.