Предадени речиси 6 000 парчиња нелегално оружје во првите три дена од кампањата на српското МВР

Во првите три дена од кампањата на српското Министерство за внатрешни работи за предавање на нелегално оружје и муниција, предадени се 5 937 парчиња оружје, соопшти денеска Министерството, пренесува РТС.

Српското МВР на својот официјален профил на Инстаграм објави дека покрај речиси 6 000 парчиња оружје, од 8 мај, кога започна акцијата, предадени се и 290 572 парчиња муниција, како и 468 минско-експлозивни средства.

„МВР ги повикува граѓаните до 8 јуни да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица или да да ги повикаат полициските службеници да дојдат на посочена адреса и да го преземат“се наведува во објавата.

Back to top button
Close