Преродба на ВМРО и обединување на двајцата „ривали“!

Али Ахмети и натаму го има приматот на „силниот“ во политички табор на Албанците, додека во македонскиот блок ситуацијата е сосема поинаква и со многу непознати. Ова е заклучокот анкетите спроведени од (и)релевантните агенции за мерење на јавното мислење.

Во македонскиот политички табор повторно заживеа ВМРО-ДПМНЕ, не само како партија која падна на најниско ниво, туку и надежите на конзервативците за враќање на власт.

Анкетите покажуваат големо водство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред нејзиниот ривал СДСМ. Спасот за одржување на власта социјалдемократите го гледаат во заеднички политички „ФРОНТ“ со двете партии на Албанците, ДУИ на Али Ахмети и Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

Но, колку ова му штети на самиот СДСМ?

Тројна коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и АА е многу мала веројатноста да се случи. Од друга страна, можна е коалиција меѓу ДУИ, АА и ДПА на следните парламентарни избори кога и да се одржат, предвремени или редовни. Овојпат СДСМ го нема луксот да влезе во мешана етничка и идеолошка коалиција, бидејќи во македонскиот политички блок се соочува со крајно конзервативни и десничарски противници, кои според мерењата на јавното мислење уживаат значителна поддршка од македонскиот електорат.

Доколку СДСМ влезе во натпревар заедно со партиите на Албанците, тогаш тоа би било погрешна постапка која би ги чинела губење на изборната „битка“ и власт.

На следните избори може да има и можни меѓуетнички политички коалиции. Покрај АА и ДПА, на „Фронтот за Европа“ на Али Ахмети, може да и се приклучат и Либерално-демократската партија на Моника Зајкова, која се залага за либералните вредности и НСДП која се залага за „држава за сите, но и граѓански организации посветени на европските стандарди.

Доколку СДСМ не се натпреварува само на следните парламентарни избори против ВМРО ДПМНЕ, само ќе го зголеми бројот на гласови за плус 5 отсто на опозицијата, но ако настапува сама со гласовите на ДУИ, може да смета на уште четири година владање.

Преродба на ВМРО и освежената „лубов“ на Алтернатива со Беса!

Шефовите на БЕСА и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши веќе ја официјализираа политичката соработка. Но, која беше причината за двајца политички ривали да се обединат по „жестоката“ разделба?!

Билал Касами и Африм Гаши, односно Беса и Алтернатива потпишаа договор под притисок на јавните анкети, кои овие две партии ги рангираат со слаб резултат кај албанскиот електорат. Она што им ја наметна оваа соработка е растот на опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот електорат.

По диктат на ова, овој договор е постигнат, па дури во политичките кругови кружат информации дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски им ветил учествуво во неговата влада, доколку победи на изборите без разлика на бројот на пратеници што ќе ги има Беса и Алтернатива.

Ваквите договори насочени кон преземање на власта без легитимитет се лесно може да пропаднат порано или подоцна.

Ако се осврнеме на ова, тогаш тука нема ниту принципи, ниту програма, ниту идеали, ниту општествен интерес, освен надежта дека Мицкоски можат да добијат власт и тие да ги раководат Министерството за земјоделство и Министерството за култура.

Дестан Јонузи

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close