Претпладне облачно, попладне со пороен дожд и грмежи
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 21 до 28 степени Целзиусови.
– Advertisements –
Во Скопје и во околината ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.
И во следните денови се очекува претпладне сончево време, а попладне променливо облачно на места со врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.