Пријатели од Србија: Поддршка за вашите студентски, земјоделски, адвокатски… протести

Ивон Величковски

Во лично, но и во име на огромното мнозинство Македонци и нацијата на Северна Македонија која се води од истите барање на секоја модерна европска нација: слобода, ред, просперитет – преку функционални институции.
Барања кое не се за или против една партија, туку за владеењето на правото.
Оттука, должен сум да ви објаснам од каде потекнува молкот на мнозинството медиуми, партиите и академската заедница во Скопје за вашите протести.
Првата причина е што дериватите на Вучиќ/Дачиќ во Владата и на Тадиќ/Ѓилас во парламентарната опозиција во Северна Македонија забележаа дека протестите не можат да бидат преземени во “договор” меѓу традиционалните партии од власта и опозиција во Белград.
Свесни дека “играта” на партиите што не минува во Белград нема изгледност ни во Скопје, принудени се на премолчување како одбранбен механизам.
И кај вас и кај нас југо-советските тајкунски елити бараат виновник за сопствените грешки некаде на страна:
За нефункционалните и партизирани институции и корупцијата кај вас се “виновни” “Сорос, Курти и преку него Албанците, Американците, Хрватите, Бугарите…”
Кај нас “виновни” се “Американците, Сорос, Бугарите, Грците, ДУИ и преку нив Албанците…”
Во обата случаи партиите бараат “национално единство”, но во основа се спротивставени на дефинирањето на нацијата.
Затоа вам ви нудат “српски свет” од Бањалука до Гевгелија, а нам ни нудат “никогаш Северна во српскиот свет” од Гевгелија до Бањалука.
Втората причина за премолчувањето на вашите протести во Северна Македонија е и стравот од прекинот на руското влијание преку НИС и Лукоил.
Затоа формирањето Влада во Софија за политичко Скопје и политички Белград е лоша вест.
Набрзо кај нас ќе стане јасно дека нашата Влада и парламентарна опозиција напразно го одлагале уставното дополнување, бидејќи и со и без политичка влада, Скопје нема за што да преговара со Софија оти се е договорено – со Брисел.
А ако го дополниме Уставот како што сме договорени – продолжуваме со преговорите во пакет со Албанија и Црна Гора – а не како:
– пакет на Вучиќ/Додик и не како
– панславистички енклави – проксија на руското догматско православие вперено против Вселенската патријаршија и “западот”.
А како ќе ги исполнуваме критериумите низ владеење на правото, демократски и функционални институции – помагаме и Србија и Косово и БиХ да одат во ЕУ – каде сакате и вие и ние.
Во такви околности – нема простор за авторитарните, недемократски и корумпирани политичари. Но има перспектива за модерните нации и народите во нив.
Затоа молкот на политичарите во Северна Македонија игнорирајте го – а сметајте на разбирањето на нацијата на Северна Македонија.

Back to top button
Close