Принцот Хари се појави во Лондон, нема да учествува во крунисувањето

Принцот Хари само накратко ќе се појави на крунисувањето на неговиот татко, а според извори блиски до кралското семејство, тој нема да биде ниту на официјалните семејни фотографии.

Според пишувањата на британските медиуми, принцот Хари не се очекува да има некаква улога во денешната прослава на крунисувањето на неговиот татко Чарлс, освен краткото појавување во Вестминстерската опатија.

Извори потврдија за Дејли Мејл дека не треба да се придружи на кралското семејство во Бакингемската палата, да присуствува на приватен семеен ручек или дури да се појавува на заеднички фотографии. Хари нема да учествува во поворката што ќе ја напушти Вестминстерската опатија, ниту ќе му се придружи на семејството на балконот, од каде традиционално ќе ги поздравува насобраните граѓани.

Back to top button
Close