Приведен малолетник, со мопед удрил во полицаец

Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив. Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја.

Како што информира СВР Велес, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица, во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјални работи Неготино. Известен бил ји авен обвинител. По документирање на случајот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.

– Синоќа во 19.45 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода малолетник. При контрола од страна на полициски службеници, откако бил сопрен мопед управуван од малолетникот, тој во еден момент го стартувал мопедот и удрил во полициски службеник, по што повторно бил сопрен и при прегледот во мопедот била пронајдена и одземена зелена растителна материја, соопштија од СВР Велес.

Според СВР Велес, вчера попладне во 16.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и Д.С.(29) од Кавадарци, по претходна пријава од Т.С. (62) од село Дреново дека на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци, додека се движел со неговото патничко возило, Д.С. му го попречил патот, агресивно се однесувал кон него, удирал по возилото и му го оштетил и физички го нападнал.

Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес

Back to top button
Close