Видео:Приведени шест лица поради инцидент во ГОБ „8 Септември“

Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Како што информираат од болницата, инцидентот се случил кога роднини на почината 60-годишна пациентка од КОВИД-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани на докторката.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица  со специјални протоколи.

Починатата пацинетка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември“. Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19  ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.

Back to top button
Close