Проф.Ќосев: Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот
Професор Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ вели дека официјалниот јазик во Република Северна Македонија не е дијалект на бугарскиот, бидејќи служи за сите сфери на општествениот живот.

„На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект“ вели Ќосев.
Според него јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.
„Јас не велам дека во Скопје нема луди луѓе. Напротив ги има многу. Ние дадовме можност, на кои кои се најрадикални, најлуди, да прогласат мислење кое, општо кажано, е повикување на стари историски митови и трауми. Дозволивме јазикот на историските митови и трауми да го завладее бугарскиот и македонскиот политички простор“ додава професорот.
Професорот вели дека во поставувањето услови од Бугарија кон РСМ има туѓи интереси кои имаат за цел да ја спречат интеграцијата на Западен Балкан.






