Пропалестински протести во Сан Франциско и  Њујорк

Масовни протести се одржаа во САД со барање за прекин на огнот во Газа, при што полицијата ги разби демонстрациите и апсеше на различни локации.

Околу 200 луѓе го блокираа главниот мост во Сан Франциско, Калифорнија , а најмалку 50 лица беа уапсени откако демонстрантите формираа човечки синџир меѓу возилата.

 

Демонстрации избија откако недамнешните анкети покажаа дека американската јавна поддршка за Израел паѓа, додека властите на Хамас во Газа во петокот соопштија дека повеќе од 12.000 Палестинци, главно цивили, меѓу кои жени и деца, биле убиени откако Израел му објави војна на Хамас во октомври.

Њујоршката полиција уапси пропалестински поддржувачи кои упаднаа во седиштето на „Њуз корп“, медиумската компанија која е сопственик на каналот „Фокс Њуз“, како и весниците „Волстрит журнал“ и „Њујорк пост“.

Демонстрантите извикуваа „Срамота“ и „Фокс њуз, веќе ништо не можеш да сокриеш“. Вашите лаги го прикриваат геноцидот“.

Демонстранти беа уапсени и во Њујорк, откако го блокираа влезот во зградата на седиштето на BNI Mellon, корпоративна инвестициска компанија за која рекоа дека има удел во снабдувањето со оружје на израелските одбранбени сили (ИДФ).

 

Повеќе протести се очекуваат во текот на викендот во Њујорк, Чикаго и другите поголеми градови во САД

Back to top button
Close