Видео: Пукање на вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа – полицаец е застрелан, а вооружениот напаѓач уапсен

Претседателот на САД Доналд Трамп и други високи американски функционери беа евакуирани од годишната вечера со дописниците од Белата куќа во саботата вечерта по пукањето во лобито на хотелот Хилтон во Вашингтон. Вооружениот напаѓач е уапсен, а еден полицаец е застрелан.
Како што објавија амриканските тв канали, првичните извештаи велеа дека едно лице е мртво. Подоцна се дозна дека вооружениот напаѓач е уапсен.
🇺🇸 The moment the attacker was arrested at the security gate entering the White House press room in the Hilton Washington hotel. pic.twitter.com/vAa5C2Cx5a
— Silent Politics◾️ (@silentpolitics1) April 26, 2026
Еден од обезбедувачите е погоден во панцирот, но не е во животна опасност.
Американскиот претседател Доналд Трамп го потврди ова на прес-конференција во Белата куќа.
Пред конференцијата, Трамп објави видео од нападот и одговорот на Тајната служба.
Во објава на социјалните мрежи по пукањето, Трамп рече дека првата дама Меланија Трамп и членовите на неговиот кабинет кои присуствувале на вечерата се „во одлична состојба“.
Осомничениот за пукањето е идентификуван како Кол Томас Ален, 31, од Торанс, Калифорнија,
Breaking:
Erisajja limumira mwoyo ligezezaako okubandaggaza Donald Trump ebyaasi bino bibadde mu White house nga bali ku Dinner Bamuddusiza bakulula mukulule.@USATODAY @USEmbassyUganda pic.twitter.com/lQ2RBP9lnR— CBS FM UG (@cbsfm_ug) April 26, 2026
Годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа собира стотици истакнати новинари, познати личности и политичари од Републиканската и Демократската партија.
Некои од присутните пријавија дека слушнале помеѓу пет и осум истрели. Салата за бал беше веднаш евакуирана по пукањето
Трамп во текот на кампањата за втор претседателски мандат во 20024 годоина беше цел на два обиди за атентат.
Во јули 2024 година на митинг на отворено во Батлер, Пенсилванија, Трамп беше застрелан од 20-годишен маж во увото. Напаѓачот беше убиен од обезбедувањето.
Нешто повеќе од два месеци по пукањето во Батлер, агентите на Тајната служба забележаа маж со пиштол скриен во грмушки во меѓународниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, додека Трамп беше на теренот. Тоа се сметаше за обид за атентат, а осомничениот е осуден на доживотен затвор.
Поранешниот американски претседател Роналд Реган беше повреден пред хотел Хилтон во 1981 година






