Путин: Искуството за работа од дома ќе биде потребно и по пандемијата
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/putin-iskustvoto-za-rabota-od-doma-e-bide-potrebno-i-po-pandemi-ata.jpg)
Искуството за работа од дома ќе биде потребно и по завршувањето на пандемијата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Денеска многу се работи од далечина, рече Путин, додавајќи дека кога ќе се започне со нормална деловна активност, ова искуство без сомнение ќе биде многу корисно и потребно, пренесе ТАСС.
Обраќајќи се на видео-конференција за рускиот пазар на труд, Путин рече дека тоа мора да се користи „затоа што сите знаеме дека таков формат на работа е соодветен и корисен“.
Според него, ова првенствено се однесува на младите мајки, инвалидите и жителите на мали градови каде што изборот на работни места не е толку голем како кај мегалополите.
– И воопшто, експертите велат дека економијата на иднината, која се заснова на бројки, генерално ќе биде организирана на таков начин што многумина ќе работат од далечина, вклучително и работа од дома, рече Путин.