Путин: Канада намерно доцнеше со враќање на турбината за Северен поток 1

epa09889839 Russian President Vladimir Putin chairs a meeting on the situation in the oil and gas sector via a videoconference at the Novo-Ogaryovo state residence outside Moscow, Russia, 14 April 2022. EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Канада дека доцнела со враќањето на германската турбина за гасоводот Северен поток 1, надевајќи се дека ќе ги продаде сопствените енергенси во Европа.

– Еден мотор требаше да се поправи. Канада не го врати поради санкциите кон Гаспром, иако (поправките беа направени) во фабриката Сименс. Ќе ви кажам зошто Канада го направи тоа. Тоа е затоа што исто така произведува нафта и гас и планира да влезе на европскиот пазар, истакна Путин.

Турбината на компанијата Сименс, што беше испратена на ремонт во Канада, е неопходна за снабдување на Германија и Европа со руски гас. Канада ја врати поправената турбина во Германија, но неизвесно е кога истата ќе биде испратена во Русија.

Гасоводот Северен поток 1 во моментов не работи поради десетдневен ремонт што треба да заврши утре. Сепак, европските земји стравуваат дека Москва би можела да го земе техничкото прашање како изговор да не продолжи со испораките, а со тоа да изврши притисок врз нив во контекст на конфликтот во Украина.

Пред да биде запрен Северен поток 1 поради ремонт, Русија веќе значително ги намали испораките во изминатите недели, оправдувајќи го тоа со недостатокот на турбината на Сименс

Back to top button
Close