Путин нема да биде присутен на погребот на Горбачов

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов во сабота поради претходно закажаните обврски, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин му оддал почит на Горбачов со посета на болница во Москва и положување венец на местото каде што поранешниот лидер почина во вторникот на 92-годишна возраст, објави „Ројтерс“.

„ За жал, распоредот на претседателот не му дозволува да му оддаде почит на Горбачов на 3 септември, па реши да го стори тоа денеска“, рече Песков.

Тој додаде дека последното испраќање ќе има елементи на државен погреб, вклучително и почесна стража, нагласувајќи дека државата помага во организацијата.

Back to top button
Close