Радев го прими Георгиевски, тој се заложи за Бугари во Уставот

Бугарскиот претседател Румен Радев го прими македонскиот премиер од 1998 до 2002 година, Љупчо Георгиевски, на барање на лидерот на ВМРО-Народна партија.

Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Македонија треба да се води на сите нивоа и може да даде резултати кога ќе биде изграден врз заемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година, истакнал Радев на средбата во претседателската палата, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во разговорот Радев изразил надеж дека државниот врв на Македонија ќе пристапи што поскоро кон вклучување на Бугарите во Уставот, а изразил и очекување за запирање на „јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите“ во Македонија.

Георгиевски од своја страна истакнал дека е за многу поактивен дијалог во билатералните односи и ги поддржал вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и гарантирањето на нивните права.

Извор: expres.mk

Back to top button
Close