Расчистена тешкa кражба од маркет во Кочани 

– Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани по преземени мерки и активности расчистиле „тешка кражба“ извршена ноќта помеѓу 18 и 19 месецов од маркет на ул.„Маршал Тито“ во Кочани.

Како што соопштија денеска од МВР, за кражбата осомничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот.

– Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари. Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот, се наведува во соопштениот од МВР.

Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Back to top button
Close