Расчистена тешка кражба во Скопје, приведено едно лице

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лиши од слобода скопјанецот Г.Љ. (47) и расчисти кривично дело „Тешка кражба“, извршена во периодот од 7 до 17 јули годинава, информираат од МВР.

– Осомничениот со патничко возило сопственост на фирма во која бил вработен, од катна гаража на булевар „Св. Кирил и Методиј“ одзел предмети и причинил материјална штета во вредност од околу 172.000 денари, уништувајќи го инсталираниот противпожарен систем во објектот. Тој бил приведен во полициска станица и во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото, известуваат од полицијата.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 236 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close