Разговор на „Призма“ со Камбовски: Судиите не чувствуваат дека Судскиот совет доволно ги штити

Разговор со Александар Камбовски, новиот претседател на Судскиот совет

ФОТО: „Призма“

Судскиот совет постои речиси исто колку што е независна државата. Најголемиот дел од нејзиното постоење е под критика дека е политички „инфицирана“ институција. Па така, наместо истакнати правници, прима „истакнати“ кадри од партиите, а тоа се одразува и врз регрутирањето кадри во судовите.

Се чини дека најдраматични за Советот беа последниве три години години. На површина испливаа сите проблеми што со децении се таложеа кај оваа институција: Незаконското разрешување на поранешната претседателка Весна Дамева, оставка на нејзината претходничка, Павлина Црвенковска, политички влијанија за дисциплински постапки на судии, унапредување судии под нејасни критериуми… Проблемите се обиде да ги зацели специјалниот извештај на Европската комисија со препораки за подобрување на состојбите.

 

Во меѓувреме се смени власта, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до разрешување на членовите на Советот избрани од парламентот, иако такви одредби не постојат ниту во Уставот, ниту во Законот за Судскиот совет.

 

И покрај критиките на меѓународната заедница и на домашните експерти, дека ваквото разрешување е упад во судската власт, власта се чини дека не се колеба до крај да го спроведе ова сценарио. Неодамна полицијата бараше записници во Советот.

Додека новиот закон за Судскиот совет сe` уште не е донесен, членовите на Советот, помеѓу кои и новоизбраните членови од парламентот, едногласно избраа нов претседател, судијата, Александар Камбовски.

Тој беше избран за член на Советот, во турбулентната 2024. Беше претседател на комисијата која изготви извештај за одговорност за судијата Пајазит Пајазити, за бегството на Косовецот, Блерим Рамадани.

Целиот разговор со новиот претседател на Судскиот совет, судијата, Александар Камбовски може да го прочитате тука.

Back to top button
Close