Реџепи од Беса: Во име на ЕУ интеграцијата нема да учествувам на седницата

Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса денеска не е во Собранието каде треба да се гласа недоверба на Владата. Без него, опозицијата не може да обезбеди кворум, што значи дека нема 61 пратеник и ќе пропадне обидот за рушење на Владата преку изгласување недоверба.

Реџепи предмалку се јави на Фејсбук каде објави дека тој одлучил да не биде дел од седницата, бидејќи добил силни сигнали од САД и ЕУ дека Македонијаи има огромни шанси да ги почне преговорите со ЕУ во декември.

Една од главните цели за мене и за политичката партија Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има огромни шанси да ги почне преговорите со ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.
На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати, напиша Реџепи на Фејсбук.

Back to top button
Close