Речиси 100.000 луѓе протестираат во Брисел поради владиниот план да ги намали пензиите и социјалните бенефиции

 

Речиси 100.000 луѓе протестираат денеска во Брисел против плановите на белгиската централнодесничарска влада да ги намали пензиите и трошоците за социјалните услуги со цел да се намали огромниот национален долг на земјата.

Покрај уличните протести, затворен е меѓународниот аеродром во Брисел, а автобусите и трамваите се главно запрени.

Причините за протестите се исти низ Европа, каде слабеењето на економиите ги принудува владите да ги намалат социјалните бенефиции кои долго време се земаа здраво за готово. Ова особено важи за Белгија, земја со вкупен долг од нешто повеќе од 100 отсто од нејзиниот БДП, што ја става меѓу најлошите земји во ЕУ.

Влошената буџетска криза е придружена со зголемен притисок од белгиските партнери во НАТО, особено од САД, да го зголемат буџетот за одбрана на два отсто од бруто домашниот производ. Белгија, дом на седиштето на НАТО, моментално троши само 1,3 отсто, што ја прави една од четирите најлоши меѓу членките на НАТО.

Министерот за одбрана Тео Франкен инсистираше на тоа дека работите ќе се променат.

-Ќе имаме дополнителни пари. Белгија е богата земја. Ќе ги најдеме парите, рече Франкен на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Дополнителен поттик за демонстрациите даде и најавата дека парите ќе се трошат за одбрана, а не за пензии

Back to top button
Close