Регионални избори во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија

 Во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија денеска се одржуваат парламентарни избори и се очекува тесна трка меѓу конзервативците, кои се на власт и Социјалдемократската партија (СПД).

Се избира 18. состав на Парламентот, а изборите во Северна Рајна Вестфалија се нарекуваат „мали федерални избори“, бидејќи е најнаселената германска покраина со повеќе од 18 милиони жители и над 13 милиони гласачи.

Во изминатите пет години, Христијанско демократска унија (ЦДУ) беше на власт во коалиција со Либерално-демократската партија (ФДП).

Анкетите покажуваат дека СПД, предводена од Томас Кутчати, претставува сериозен предизвик за Владата на актуелниот демохристијански премиер Хендрик Вуст

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close