Ременски: Сите промашени инвестиции на Камчев во ликови кукавици

Колку ли само човекот инвестирал во тие ликови низ годините наназад – директори, министри, инспектори, новинари, медиуми, партии, деца за се’ …, просто неверојатно ако го удри есапот сега. Грдна пара истурил човекот да го поштедат од институционални “заебанции” и да го шетаат таму-ваму кога треба и кога не треба. Само во суперлатив му ветувале се’ ….

Да, да за инвестициите на Орце Камчев мислам. Деновите по неговото притворање колку можев се обидував да “сконтам” што сакаа писателите да кажат кога прстот за приведувањето на Камчев го вперија во брачниот пар Ременски. Камчев требало да сведочи во случајот Меѓународен сојуз против Фросина и на Јовче му текнало да напише службена белешка дека Камчев сака да бега и оппп, тоа било закон човече и на човекот му определиле притвор заради белешка.

Па се тркалаа деновите до рочиштето кога сведокот Камчев сведочеше, кажа што е што и по се’ изгледа разочара многумина. Заврши рочиштето и заради “актуелноста на таа пуста белешка” што наводно ја напишал Ременски од АНБ, стигнаа неколку понуди за гостувања, изјави и сл. На мое прашање во врска со што ми беше кажано, “па да објасниш ова што викаат за белешката, сопругот, АНБ итн.”. Бев кратка и јасна – немам намера да им давам живот на наменските шпекулации и да бидам портпарол на АНБ. Таа задача нека си ја преземат надлежните кои се повикани.

Се тркала времето уште, и тук-таму срамежливо некој инвестиран ќе крикне тивко белешка, Ременски и толку. Оштрицата за шпекулации отапе, а човекот што го лажеле по се’ изгледа полека (претпоставувам) сфаќа дека ептен го одбраниле сите по ред. А може ќе им каже “аман не ме бранете веќе”, кој знае!? Интересна ми е “принципиелноста” на оние во кои инвестирал човекот јавно да го бранат и да ги застапуваат “неговите интереси”.

Абе, тоа право, тоа наука, тоа принципи, институции и се’ по ред. Нешто слично како она “волк, волк, волк …”, за да на крајот никој не верува во таа посветеност за заштита на човековите права итн. Толку била инвестицијата. Целта на овој подолг вовед е да го потенцирам лицемерието и онаа гадна подлост на сите што го лажеле човекот во стилот “шефе, шефе, сега ќе видиш, сега ќе видат” … Очигледно го лажеле и многумина и за многу нешта штом дошла работата/проблемот до некаква службена белешка, а се’ друго било ОК. Уште кога течеше судењето за случајот Рекет, зборував јавно дека, “кираџијата на адвокатот на Орце Камчев во случајот Империја” – (тогаш) директорот на УБК Горан Николовски Џони му ги должи најисцрпните одговори

“Зошто дозволил да биде рекетиран и што тој како овластено службено лице презел да го спречи тоа, бидејќи не еден, туку 4 пати му било пријавено за 3 месеци”. Не знам дали оваа инвестиција му е проверена и исплатлива, но знам дека подрумската пропаганда од типот “шефе не сум ја, друг е” тешко поминува сега. Не знам што прави Џони кога ретко е на работа (ризичен бил … од вирусот де), но слушам нон-стоп така ризичен, шпартал таму-ваму, лево-десно да “испегла” некоја грешка, да протури теза, да подгрее изладено млеко, да просее некое бело брашно …, само да не му падне збор дека бил “промашена инвестиција” и “пробиен манипулатор”. Па така, кога ќе се прошета до работа се пази да не го викне некој што не е негов во внатрешна контрола, за да го праша дали ја упишал куќата на Апостолски на негово име или уште плаќа (?!) кирија” или пак, да треба да каже каква службена белешка напишал за човекот.

Џони е “опасен” контраразузнавач нема што. Му фали само оној женски брифер “за да биде 100% верно” напишното. Крик-от го “извади” за Живаљевиќ, но се’ друго тешко оди пустото. И така, денови се нижат како бисери на промашени инвестиции и кукавици кои му гарантираа слобода на човекот. Не знам дали пратениците што биле вчера во контрола на АНБ ги добиле одговорите на прашањата и за случајот. Убедена сум дека Виктор Димовски немал ниту причина, ниту интерес да лаже – најмалку за овој случај. За жал, не можам да кажам дека Џони немаше интерес да лаже на надзорот во јули 2018 година – таму го штитеше интересот на скриениот шеф. После се’ би било добро инвестираните да си направат еден “рестарт”, да се пребројат, да си ја преиспитаат “доктрината” и да сфатат дека “Неко меџу вама, није ваш”!

Апстрахирајте ги Ременски – тие се свои!

Фросина Ременски
фејсбук статус

Back to top button
Close