РКЕ одлучи: Од полноќ и бензинот и дизелот со рекордно ниска цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит

Цената на бензините е најниската во последните повеќе од 2 години. Последен пат литар бензин под 77 денари сме имале во декември 2022. И дизелот има најниска цена во последните 2 години иако при днеешната корекција, неговата цена не се промени

Back to top button
Close