Родителите на деца до 10 години и натаму се ослободени од работа

Родителите на деца до 10 години се ослободени од работа и верувам дека овој административен проблем може да се реши, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

„За ова неколку пати разговараме уште на почетокот на кризата затоа што уште тогаш имаше родители кои имаа ваков пример, така што административните служи во градинките и во останатите институции кои не функционираат работат. Тоа беше случај и за уписот за следната година. Така што не би требало да претставува проблем и за ова можам да го консултирам МИОА дали се работи за нешто што е проблем на терен или е некакво недорабирање“,истакна министерот Филипче.

Back to top button
Close