Роналдо бил понуден на Ајнтрахт Франкфурт во 2022 година

Ајнтрахт Франкфурт имаше можност да ја ангажира фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо откако ја освои Лигата на Европа во 2022 година, откри спортскиот директор на клубот Маркус Кроше.

-Тогаш Аксел Хелман (порпарол на Управниот одбор) ме контактираше. Тој дојде во мојата канцеларија и ми рече: „Можеме да потпишеме со Роналдо“. Јас одговорив: „Сигурно се шегува со мене“, рече Кроше на поткастот на весникот „Билд“.

Во тоа време, Роналдо и неговиот тогашен клуб Манчестер Јунајтед не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите откако завршија на шестото место во Премиер лигата.

Агентот на Роналдо дури испратил понуда за трансфер, но Кроше рече дека „не ја прочитал“.

-Веднаш ни стана јасно дека тоа навистина нема смисла. Еднаш разговарав со Фабио Паратичи, поранешен менаџер на Јувентус, за тоа колку често Роналдо менува клубови и како треба да резервирате други хотели, бидејќи вниманието кон него е многу поголемо. Роналдо би бил преголем трансфер за Ајнтрахт, додаде Кроше.

Роналдо на крајот го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија, Ал-Наср.

Back to top button
Close