Русија и Србија бараат решение за американските санкции против НИС
– Русија и Србија водат разговори за изнаоѓање решение поради американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Анадолија.
– Надлежните структури на Русија и Србија преговараат за да најдат соодветно решение, истакна Захарова.
САД во јануари воведоа санкции против НИС, компанија во која рускиот „Гаспром“ има мнозински удел. Вашингтон побара српските власти да ги повлечат руските структури од сопственичката структура на компанијата.
НИС е една од најголемите енергетски компании во Југоисточна Европа и се занимава со истражување, производство и преработка на нафта и гас. Учеството на компанијата во државниот буџет на Србија изнесува околу девет отсто.