Русија и Украина разменија уште по 100 воени заробеници


Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска е извршена уште една размена на затвореници.

Според формулата еден на еден, 100 руски воени заробеници биле разменети за 100 украински.

Размената на заробениците е извршена со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Ова е втора размена во која ОАЕ ја игра улогата на посредник.

„Обединетите Арапски Емирати обезбедија хуманитарно посредување во враќање на рускиот воен персонал од заробеништво“, се вели во соопштението на Министерството.

Ослободените војници ќе бидат префрлени во Москва, каде ќе бидат на лекување и рехабилитација.

Министерството за одбрана на Русија нагласи дека на целиот воен персонал му била укажана потребната медицинска и психолошка помош.

Претходната размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше на 31 јануари. Тогаш во Русија се вратија 195 војници, односно 195 украински војници во нивната земја

Back to top button
Close