САД ја обвинија Северна Кореја за перење на најмалку 2,5 милијарди долари
Американското Министерство за правда синоќа ја обвини државната банка на Северна Кореја за непочитување на законот за американските санкции, а 28 севернокорејски и петмина кинески државјани за перење на пари, проневера и други кривични дела.
Според обвинението, тие преку севернокорејската Надворешно-трговска банка наводно испрале најмалку 2,5 милијарди долари преку меѓународниот банкарски систем.
Парите, според обвинението, се наменети за поддршка на севернокорејската нуклеарна програма.
Според „Вашингтон пост“ станува збор за најголем случај на кршење на санкциите од страна на Северна Кореја.