САД бараат принцот Ендру да сведочи во „случајот Епштајн“

Американските власти упатија официјално барање до британскиот принц Ендру да сведочи во случајот со Џефри Епштајн.

Епштајн изврши самоубиство во август, додека беше во притвор во Соединетите Американски Држави, каде го чекаше почетокот на судскиот процес, покренат поради обвинение дека учествувал во сексуална трговија и заговор.

Би-Би-Си денеска наведува дека принцот Ендру доколку не одговори би можел да биде повикан пред некој од судовите во Велика Британија. во согласност со одредбите на барањето за заемна правна помош.

Принцот Ендру минатата година отстапи од должностите што му припаѓаа како член на британското кралско семејство.

Тој, кој во минатото се наоѓаше под жестоки критики за неговото пријателство со Епштајн, рече дека никогаш не забележал нешто сомнително за време на посетата на американскиот финансиски тајкун.

Back to top button
Close