СДК-Газдите на „Интермецо“ и “Мош“ се кријат од пазарната за да не го примат решението за пломбирање

Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ сè уште не се затворени и си работат иако Пазарната инспекција уште минатиот петок им изрече казна, забрана за работа од 10 дена. Двата локали беа казнети бидејќи не го почитуваа работното време односно ечела музика и после еден часот по полноќ.
.
Директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски тврди дека кафулињата ќе бидат затворени, но мора да ги почитуваат законските постапки.

„Бидејќи газдите не сакаат да ги примат решенијата ние ги испративме по курир. Сега се чека да помине рокот сами да се затворат, а доколку тоа не го направат ќе бидат пломбирани од наша страна. Нема да има отстапки, секој мора да го почитува законот и така ќе биде во овој случај“, вели Трајковски за СДК.МК

Back to top button
Close