Се запали возило во движење, за среќа нема повредени

Денеска (24.09.2024) во 05.35 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Виница настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со винички регистарски ознаки, во движење, управувано од lice(60) од село Лаки, виничко.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Виница го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Back to top button
Close