Секс за возрасни

Очигледно се качивме на возот наречен “мегаломанска желба за власт”. Предизборните кампањи се залауфани – дебело. Власта “дирекно бара” опозицијата “као не да”. Одвај чека “да се сопне”. Метероолозите велат, ќе биде весело. Јас мислам ќе биде особено напорно.

Освен тоа, немаат сите ист капацитет да останат долго – без возух, а под вода. Ова е серозна варијабла чие влијание допрва ќе се интезивира. Видливо. Глава по глава, ќе излегуваат од под водата. Секоја глава со различен капацитет на свест, но и на разорност. А, Павле пуца први. Тоа е алерт. Ќе гледаме циркузи, мили мои. Бизарни до душа, и особено напорни.

Како и да е, предизборниот ПЕТИНГ што му се сервира на граѓанството, во секој случај му гарантира “безусловен секс”: кога тогаш. Што и не е лошо само по себе. Подобро безусловен секс, велат во ВМРО, одошто “условен влез во ЕУ”. OMG! Знаат ли таму дека сексот без заштита носи големи ризици? Се сомневам. Е сега, бидејќи, сексот е неизбежен, сепак, ние, како 30-годишно независно граѓанство би сакале да чуеме барем

КАДЕ ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ ПОСЛЕ ИЗБОРНАТА НИРВАНА?

Од една страна, власта не престанува со преслушување на LP-то: “Европа Европа”, иако плочата вeќе почна да прескокнува, па се е понејасна содржината на песните, додека, од друга страна, опозицијата си го слуша “Тешкото” – чат пат, уз добра стара “Антика” и бугарофобија. А по најново и албонофобија од најдолен вид, на т.н. “дно-дна”. Притоа, оваа отворена и интезивирана врмовска албанофобија – не знам како ќе се помири со најновите барања во албанскиот опозициски блок за формирање на заедницата на албански општини? Или, како вие од опозицискиот фронт ќе помирите два дијаметрално спротивни етнопоп агитации?! Тешка е таа операција, другарчиња. Неодржлива. Симултано, вака спакуваната владеачка МУЛТИ ВИТАМИНСКА КОАЛИЦИЈА тешко дека може да направи било каков позитивен исчекор во овој момент, затоа што е се поочигледно, дека Бугарите заедно со Црногорците, Хрватите, Египќаните, Евреите, уште малку ќе попричекаат во ЖЕНА ПАРК – барем, до после изборите. Или не ?!(Жената Парк, исто така, е битен локус, зарем не?)

Значи, Вие од Власта, мора да ни обезбедите иднина каква што заслужуваме: европска! Тоа се очекува од вас како естаблишмент, а притоа да гарантирате дека нема да западнеме во тешка политичка криза – поттикната од предизборни петинзи и надразнети орангутани. Или сексот е за возразни, или нема петинг. Тоа е Ваша обврска – влез во ЕУ! Но, ако ја прифатиме оваа реалност, прашањето е дали има барем некој политички фактор од опозицијата која се заколна на “ГОЛЕМОТО НЕ” во врска со уставните измени – да не удостои со нивната ПЛОВНА МАРШУТА, или да каже КАДЕ ЌЕ ПЛОВИ БРОДОВ НАШ???

Ќе кажете ли веќе еднаш каде сакате да не однесете со тие ваши избори? И како?

Ако го менувате “Преспанскиот”, или како што велите: “ќе го ништите”, на чело со МАНУКАУСТ (Тричковски) – кај ќе ни биде крајот, т.е. почетокот? Сериозно ли мислите дека ќе може да ги измените меѓународните обврски на земјава кои се клучни за стабилност на регионов? Не знам како не гледате дека граѓаните веќе имаат доволно години самостојна држава за да можат да се задоволат со излитени предизборни PULP FICTION ПРИКАЗНИ, од типот: “само да доеме на власт, има све да процвета, да напраиме највисоки плати, пензии, нула корупција” ….бла бла бла….држ ме Митро се “онадив”. Народот, другарчиња, е созреан и заслужува да ја знае ДЕСТИНАЦИЈА кај што ќе биде превејан, затоа што картата СКАПО Е ПЛАТЕНА, и не сака петинг. Сака, конкретно. Секс за возрасни.

Но, ако навистина се исцрпени можностите за уставни измени, не гледам причина уште утре да не се распушти оваа власт и да се прогласат предвремени избори. Ова би било особено интересен GAME CHANGE, посебно корисно за BSDM. Но, само во случај доколку опозицијата понуди конкретен план, а не да млати празна слама со “гатачки предикции со кугла, јбт”. Секако дека тоа нема да се случи, затоа што опозицијата бара власт, а моли бога да не ја добие!

Што ќе прави тогаш со уставните измени?!

Што ќе прави со стратешкитот евроатлантски курс на земјава?!

Што ќе прави со поддршката од Сојузниците?!

Како ќе се помират албанофобијата и најновите барања на албанската опозиција?!

Одговорете на ова, па ќе види и возрасното граѓанство дали навистина сака предвремени избори.

Во меѓувреме, додека траат петинзиве, да пробаме да изградиме мостови за соработка на заедничка евроатлантска платформа, ние сите што сме посветени на прогресот и на евро-извесноста, независно од идеолошките и етничките консидерации.

Ана Чупеска

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close