Шпанка го налути Хамас поради фотографија во „недолична облека“ пред џамија

Палестинското екстремистичко движење Хамас, што владее со Појасот Газа, денеска започна кампања против туристка од Шпанија, која позирала, како што се наведува, „во недолична облека“ пред џамија во Ерусалим.

Младата туристка се фотографирала во зелен фустан со деколте и шлиц од страна, а на една фотографија се гледа и нејзината гола нога.

Портпаролот на Хамас, Хазем Касам ја нарече туристката „ционистичка екстремистка“.

– Ционистичката екстремистка го осквернави комплексот на џамијата Ал-Акса и објави фотографии каде е откриена, нешто што претставува провокација без преседан на чувствата на палестинскиот народ и продолжение на сквернавењето на чистотата на Ал-Акса, како и ционистички презир кон целиот арапски народ, тврди потрпаролот, како што пренесоа израелски медиуми.

Израелскиот јавен сервис Кан објави дека станува збор за христијанска туристка од Шпанија.

На фотографија од Твитер, што ја објавија израелски медиуми, може да се види туристката пред џамијата Купола на карпата на Светото Светилиште – Харам ал – Шариф, каде се наоѓа и џамијата Ал-Акса, трета по важност во исламот.

Back to top button
Close