Што најмногу ги нервира возачите во и околу сообраќајот?
Има многу работи коишто пречат и нервираат при возење автомобил, а можеби и ние несвесно ги правиме во сообраќајот. „Скрапкаркомпаризон“ (ScrapCarComparison) спроведе анкета на повеќе од 2.000 луѓе, со прашањето: Кои се најдосадните навики при возење и што најмногу ги излудува возачите?
Така, речиси половина од возачите (45 отсто) изјавиле дека им пречи возење по какво било консумирање алкохол и брзото возење (42 отсто), а повеќе од една третина (38 отсто) сметаат дека и користењето телефон и возењето без возачка дозвола се најнепријатни… Меѓу најчестите одговори се и „објавувањето фотографии на социјалните мрежи“, „бакнувањето на автомобилот за добра ноќ“ (33 отсто) и „агресивност кон другите возачи“ на патот.
Следи списокот најлоши навики:
Возење по консумирање алкохол (45 отсто);
Брзо возење (42 отсто);
Телефонирање и возење (38 отсто);
Возење без дозвола или со забрана за возење (38 отсто);
„Селфи“ при возење (35 отсто);
Бакнување на автомобилот за добра ноќ (33 отсто);
Пушење при возење (32 отсто);
Лутина кон другите возачи (32 отсто);
Паркирање на забранети места или користење паркинг места за лица со попреченост (31 отсто);
„Турирање“ на семафори (29 отсто);
Прекумерна брзина (29 отсто);
Возење на жолта или лента за застанување (28 отсто);
Возење автомобил со гласен мотор или издувни гасови (26 отсто);
Прекумерна употреба на сирената (24 отсто);
Објавување слики од волан на социјалните мрежи (24 отсто);
Валкан автомобил (23 отсто);
Лошо управување со куплунгот (23 отсто);
Бавно возење на автопат (23 отсто);
Ненадејно сопирање на камера или радар (22 отсто);
Персонализирана автомобилска галантерија (22 отсто);
Некористење трепкачи (21 отсто);
Возење модифициран автомобил (20 отсто);
Возење со вклучени четири трепкачи (20 отсто);
Јадење и возење (19 отсто);
Возење и гласна музика (18 отсто).