Што велат експерти од областа на графоскопијата за ракописот на Коста К.

Имињата и презимињата на списокот Коста К. ги напишал со посебни букви, што укажува дека се нурнал во претставата и го замислил чинот на убиството и реакцијата на општеството, оценува професорот д-р Радослав Свичевиќ, експерт од областа на графоскопијата, кој го толкуваше ракописот за Коста К.

Момчето-убиецот, инаку, направил список на жртви еден месец пред да убие осум деца и чувар во училиштето.

 

Ракописот не е оформен

Професорот Свичевиќ сепак гинистакна и слабостите на графологијата, односно дека станува збор за „шпекулативно-псевдонаучна дисциплина“, и додаде дека само може да ја коментира психофизичката состојба на момчето во моментот на пишување на списокот на жртви.

– Напоменувам дека и оваа моја анализа може да се земе со резерва, бидејќи конечниот ракопис и потпис се формираат меѓу 16 и 18 години – вели тој.

– Следна карактеристика на овој ракопис е тоа што имињата се напишани со посебни букви, што укажува на потопување во претставата на замислената ситуација во времето на извршувањето на кривичното дело и реакциите на макро и микро општествената средина. Макрото е училиштето, а микрото е поширокиот општествен контекст. Додека го пишувал тоа, тој во главата веројатно планирал како ќе направи хаос, ќе ја наруши ситуацијата, како и тој ќе се прослави како херој, а што сега ми го потврдува вознемирувачката поддршка на дел од неговата генерација за сето тоа.

Back to top button
Close