Сијарто: Грузиски сон постигна убедлива победа и покрај обидите за мешање во изборите


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и честиташе на грузиската владејачка партија Грузиски сон за победата на парламентарните избори, велејќи дека партијата постигнала победа и покрај обидите за мешање.

– И покрај обидите за мешање, народот на Грузија ја изрази својата волја, а патриотската и просемејната владејачка партија постигна убедлива победа на парламентарните избори во земјата, рече тој по објавувањето на резултатите од вчерашните избори.

Сијарто посочи дека Унгарија, за време на остатокот од претседавањето со ЕУ, но и по завршувањето на мандатот во јануари, ќе продолжи да му дава поддршка на Тбилиси на патот кон евроинтеграциите

Back to top button
Close