Силен земјотрес ја погоди Јапонија

– Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 160 километри во близина на островот Амами.

Back to top button
Close