Силен земјотрес во Турција

 Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала попладнево го погоди источниот дел на Турција, соопшти Европскиот сеизмолошки институт.

Во период од еден час се регистрирани уште неколку потреси со различен интензитет, од кои последниот со јачина од 4,6 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од пет километри.

Засега има информации дека се повредени тројца припадници на безбедносните сили и причинета е незначителна материјална штета.

Турскиот министер за животна средина и урбанизација Мурат Курум истакна дека на местото на потресот се испратени спасувачки екипи.

Back to top button
Close