Синер лесно обезбеди финале во Мадрид

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер се пласираше во финалето на Мастерсот во Мадрид, откако попладнево го победи Французинот Артур Фиес со 6:2, 6:4.
Италијанскиот тенисер дојде до своето прво финалето на Мастерсот во Мадрид, триумфирајќи над 25-тт рангираниот светски тенисер за еден час и 26 минути.
Ова е 22 победа по ред на 24-годишниот Синер на АТП турнирите, откако претходно оваа година освои три мастерс титули.
Во финалето, Синер ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Германецот Александар Зверев (АТП-3) и Белгиецот Александар Блокс (АТП-69).






