Сите луѓе во патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и во воениот хеликоптер кои се судрија над Вашингтон се претпоставува дека се мртви, изјави началникот на противпожарната служба
Сите 64 лица во патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и тројца во воениот хеликоптер што се судрија над Вашингтон се претпоставува дека се мртви, изјави началникот на противпожарната служба на Вашингтон, Џон Донели, цитиран од ДПА.
Најмалку 28 тела беа извлечени од водите на реката Потомак откако авионот на „Американ ерлајнс“ со 64 лица се судри со воен хеликоптер при слетување на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.
Потрагата по други луѓе продолжува, но Донели смета дека нема преживеани. Причината за несреќата се уште не е позната, но според истражителите, таа можела да биде спречена.
Трупот на авионот е пронајден превртен во водата, а откриени се и остатоците од хеликоптерот.
„Утрово сите длабоко жалиме за жртвите“, рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер.
Аеродромот „Роналд Реган“ повторно ќе биде отворен во 11 часот по локално време.