Ситуацијата во украинскиот град Авдеевка на некои места е критична, тврди градоначалникот Барабаш

Градоначалникот на Авдеевка, град во источна Украина, кој со месеци е цел на голема руска офанзива, денеска соопшти дека ситуацијата на некои места е критична, при што се регистрирани првите изолирани „улични битки“ со групи руски војници.
„Ситуацијата во градот е многу комплицирана, многу напната. Додека неколку недели велевме дека ситуацијата е многу комплицирана, но под контрола, денес ситуацијата е многу комплицирана, а на некои места и критична“, изјави градоначалникот Виталиј Барабаш.
Според Барабаш, руските диверзивни и разузнавачки групи „го нападнале градот“, предизвикувајќи одделни судири со украинската армија на улиците.
„Ова не значи дека сè е изгубено“, додаде градоначалникот, притоа посочувајќи дека руската армија „насочува многу големи сили“ кон градот. Тој рече дека само денеска преброил „50 масивни артилериски гранатирања“ врз Авдеевка.
Според него, и покрај битките и уништувањата, во овој индустриски град останале 945 цивили






