Слоницата не угинала туку била евтаназирана: Лажна вест е дека некој се обидел да ја скрие смртта на Дуња
Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не угинала, туку била легално евтаназирана, поради старост, пррнесува порталот Плусинфо повикувајќи се на добро информирани извори.
Не е вистина дека било што било сторено во тајност, наводно со цел да се прикрие смртта на Дуња.
Дуња била донесена од Белгија на чување во Зоолошката градина во поодмината возраст. Тоа е вообичаена практика кај нас, бидејќи скопската Зоолошка градина нема пари да купува животни, а ниту да тргува.
Тројца белгиски ветеринари, заедно со локални експерти, во Скопје ја прегледале Дуња и одлучиле дека животното треба да се евтаназира.
Постапката била завршена вчера. Телото на слоницата било дадено на обдукција, а потоа било однесено на депонијата Дрисла, како што наложуваат прописите.
Инаку, азиската слоница Дуња била најголема од нејзиниот вид во Европа. Дуња била родена во 1969 година, што значи дека имала 55 години. Азиските слонови во просек живеат до 48 години.
Дуња имала тежок живот. Од бебе била грабната од дивина и однесена во циркус. За среќа, ЕУ ги банира циркусите со животни. Дуња била и на рехабилитација Белгија.
…