Со возбудлива вечер на иновации БАТ во Скопје го прослави лансирањето на уредот glo Hyper Pro
Синоќа Скопје беше центар на настани. Во индустрискиот амбиент на Лабораториум, а во друштво на многубројните гости, БАТ со стил ја прослави својата најнова иновација – уредот за загревање на тутун glo HYPER PRO. На тој начин, корисниците во Македонија се придружија на скоро девет милионите полнолетни корисници на glo ширум светот.
Како што потврдија од компанијата, полнолетните корисници во Македонија добија можност да бидат дел од помал број на земји во кои БАТ делува глобално, а во кои е достапен најновиот уред glo HYPER PRO.
Пред музичкиот дел збогатен со присуството на ѕвездите од македонската естрада, гостите имаа можност да се запознаат со напредната технологија која стои зад најиновативниот уред за загревање на тутунот на компанијата БАТ, кој воедно го одликува модерен и елегантен дизајн, во комбинација со унапредено искуство на користење.
На гостите, добредојде на настанот, но и во светот на glo им посака Саше Николовски, Генерален менаџер на БАТ за Македонија, Албанија и Косово.
„Поминаа десет години откако БАТ ја лансираше својата прва е-цигара и го започна нашето патување на трансформација за да ги намалиме ризиците за полнолетните пушачи ширум светот. Горди сме што денес, над 8,8 милиони возрасни потрошувачи користат glo. Оваа најнова верзија е нашата најнапредна досега, со подобрено корисничко искуство кое дава позадоволително искуство. Ние продолжуваме да ги слушаме потрошувачите и да ги подобруваме нашите производи за да најдат глобална цврста алтернатива за да продолжат да пушат. На крајот на денот, БАТ има за цел да ги поддржи полнолетните пушачи да се префрлат на овие производи со намален ризик за да можеме да ја исполниме нашата посветеност кон потрошувачите и општеството“, изјави Николовски.
Голем новитет е и HeatBoost™ технологијата на индукциско загревање, која овозможува поинтензивен вкус при Интензивниот режим на работа на уредот. Траењето на сесијата во Стандардниот режим на работа трае 4 минути и 30 додека можно е да се остварат 3 последователни сесии.
Воведувањето на иновативниот EasyView™ ЛЕД екран, му овозможува на полнолетниот корисник контрола на конзумирањето, обезбедува информации за избраниот режим на работа, статусот на батеријата, како и преостанатото времетраење на конзумирањето.
Уредот glo HYPER PRO веќе од денес ќе биде достапен во продажните места низ цела Македонија.
Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од оваа технолошка револуција!
За БАТ
БАТ е водечка компанија за производи со широка потрошувачка во повеќе категории чија цел е да се изгради Подобро утре™ (A Better Tomorrow™) преку намалување на влијанието врз здравјето нудејќи поголем избор на пријатни и помалку ризични производи за полнолетните потрошувачи.
Амбицијата на БАТ е да има 50 милиони полнолетни потрошувачи на своите производи без чад до 2030 година и да генерира приходи од 5 милијарди фунти од тие нови категории до 2025 година.
* Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосна транзиција од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.