Сопругата на Брус Спрингстин откри дека има рак на крвта

Сопругата на музичарот Брус Спрингстин, Пети Сцијалфа, откри дека ѝ е дијагностициран рак на крвта. Сцијалфа, која е членка на „И стрит бенд“ (E Street Band) што настапува со Брус, во документарниот филм „Road Diary: Bruce Springsteen and the E Street Band“ изјави дека ѝ бил дијагностициран мултипен миелом (ММ), рак на плазмата на клетките, во 2018 година, пренесува „Гардијан“.

Болеста ѝ била откриена во текот на концертите на Спрингстин на Бродвеј. Во документарниот филм таа зборувала за својата болест и рекла дека турнејата ѝ станала „предизвикувачка“ по дијагнозата.

„Беше многу добро чувството што се вратив на сцената. Турнеите станаа предизвик за мене. Болеста влијае на мојот имунолошки систем, па морам да бидам претпазлива околу тоа што ќе правам и каде ќе одам. Одвреме-навреме ќе доаѓам еден до два настапи и можам да испеам неколку песни на сцената. Тоа сега за мене е новото нормално и јас сум во ред со тоа – порачала таа.

И легендарниот музичар Брус Спрингстин претходно имаше здравствени проблеми. Минатата година мораше да ја одложи турнејата поради лекување на пептичката улкусна болест, а во мај годинава имаше проблеми со гласот.

Пети се приклучи на „И стрит бенд“ во 1984 година и стана придружен вокал на турнејата на Брус. Малку подоцна таа и музичарот започнаа романтична врска, се венчаа во 1991 година, а денес имаат три деца, Еван, Џесика и Семјуел.

 

Back to top button
Close