Соседите на масовниот убиец од Младеновац: Ужасно семејство, секогаш пукаа
Соседите на масовниот убиец Урош Блажиќ кој вчеравечер уби 8 а рани 14 лица за Блиц изјавиле дека семејството имали историја на насилно однесување.

– Луѓето се дно на дното! Се срамам што се од ова село. Пред неколку години сосед ги пријавл дека пукале, им го одзедоа оружјето и по три дена им го вратија. Постојано пукааа, ни ги убиваа кучињата. Урош лудачки возеше низ селото, не му беше важно дали некој ќе наиде, сите мораа да го избегнуваат – вели тој.






