Спасовски: Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Северна Македонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
-Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога организираното македонско револуционерно движење, преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ и АСНОМ, резултираше со создавање самостојна македонска држава. Продолжуваме по европскиот пат, во интерес на сите граѓани, за демократска и просперитетна Република Северна Македонија, напиша Спасовски во честитката