Србија ќе добие 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст на Западен Балкан до крајот на неделата
До крајот на неделата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од ЕУ од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите, јави дописникот на МИА од Белград.
Тоа денеска го изјави потпретседателката на Народното собрание на Србија и претседател на Комисијата за евроинтеграции, Елвира Ковач.
„Од овие 111 милиони евра, 40 милиони се неповратни средства“, изјави таа.
Ковач додаде дека таа сума е само седум отсто од вкупните средства за секој корисник во регионот планирани до 2027 година
Таа нагласи дека новата српска Влада ќе биде формирана до крајниот рок – 18 април.